Косовец нелегално влегол во Македонија - го фатиле на Богородица
33-годишен Косовец е приведен откако прво бил забележан како со своето возило нелегално влегол во државата.
Како што соопшти МВР, приведен бил кај местото „Живинска фарма“.
-Вчера во 17.33 часот на место викано „Живинарска фарма“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го привеле К.Х.(33) од Република Грција. Претходно, тој бил забележан како со патничко возило „нисан навара“ со грчки национални ознаки нелегално, на необележан граничен премин, влегол во Република Северна Македонија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, се вели во полицискиот билтен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа