Косово ќе ја одбележи 15-годишнината од прогласувањето на независноста

Во Косово денеска ќе се одбележи 15-годишнината од прогласувањето на независноста. Ќе се одржат свечени седници на Парламентот и Владата, дефиле на припадниците на Косовските безбедносни сили и на Косовската полиција и други културно-уметнички активности.

Свечената седница на Владата ќе се одржи изутринава во Приштина, по што ќе следи подигање на знамето на јарболот. Свечената седница на косовскиот Парламент ќе се одржи по свечениот концерт на Косовската филхармонија во Собранието.

Парадата на припадниците на косовските безбедносни сили и на косовската полиција ќе се одржи во центарот на Приштина, а ќе ја следат највисоките претставници на Косово, претставници на дипломатскиот кор и граѓани.

Предвидено е положување цвеќе на споменикот на исчезнатите, на гробовите на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова, политичарот Адем Демаќи и првиот командант на Ослободителната војска на Косово, Адем Јашари, како и на споменикот на хероините. за кои се смета дека „ги положиле животите за слободата на Косово“.

Пред Народниот театар во Приштина ќе бидат запалени 1.133 свеќи, што според официјалните податоци, е бројот на загинати деца за време на војната во Косово во 1998-99 година.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи ќе приреди прием за највисоките косовски функционери, заменици, министри, претставници на дипломатскиот кор и други високи личности, додека во приштинската спортска сала „Први Октобар“ ќе се одржи „Концерт на независноста“. во организација на Радио-телевизија на Косово.

Манифестации по повод Денот на независноста на Косово денеска ќе се организираат и во другите косовски општини, а приеми ќе бидат организирани и во дипломатските претставништва на Косово

17.02.2023 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега