Косово од денеска целосно го укина динарот

Косовските власти потврдија дека од денеска ќе почне да се применува регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со преоден период за граѓаните да се приспособат на регулативата.

Оваа одлука значи забрана за употреба на динарот, официјалната валута на Србија, која досега се користеше во сите мнозински српски општини на Косово.

Белград ги обвини властите во Приштина дека со оваа одлука се обидуваат да го откажат дијалогот и да го протераат српскиот народ од Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ побара од Европската Унија и меѓународната заедница да извршат притисок врз Приштина да ја повлече одлуката.

Но, вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, потврди дека примената на одлуката на ЦБК ќе почне денеска на 1 февруари и оти никој, па ни меѓународните партнери на Косово, не ја доведуваат во прашање законитоста на таа одлука. 

01.02.2024 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега