Коста е на психијатрија, лекарите не знаат што да прават со него: „Никогаш не сме се сретнале со ваков случај“

 

Момчето Коста К., кое е осомничено за крвопролевањето во белградското основно училиште во кое учел, во јули ќе наполни 14 години, што значи дека во моментот детето не може да биде уапсено, приведено или притворено бидејќи нема да биде суден или осуден. Доколку се утврди дека има потреба од лекување, во првиот момент ќе биде хоспитализиран, а потоа, најверојатно, барем привремено сместен во установа за социјална грижа.

Каква ќе биде судбината на Коста К. ќе се знае откога ќе бидат извршени вештачењата, а бидејќи во Србија не е евидентирано вакво или слично кривично дело извршено од малолетник, неизвесно е како Коста ќе биде казнет или изолиран, со оглед на тоа дека не е кривично одговорен, пишува „Блиц“.

Според експертите, каква и да е дијагнозата, момчето ќе се лекува и ќе се следи неговата состојба, но никој не може да каже колку долго ќе трае лекувањето, а со тоа и изолацијата од општеството. Како што велат, случајот е неспоредлив бидејќи ниту едно дете досега не извршило масакр со толку голем број загинати и ранети.

Радмила Вулиќ-Бојовиќ, психолог и психотерапевт, за „Блиц“ вели дека ова е уникатен случај и дека во овој момент е тешко да се каже нешто. Она што е сигурно е дека момчето е сместено на невропсихијатрија, на специјално одделение и дека со него ќе разговараат судски вештаци, психијатриски и психолошки стручњаци, а потоа информациите ќе бидат попрецизни.

„Вакви случаи досега немавме, имаше малолетни престапници, но ова е интензивен, драстичен чин на насилство до таа мерка што навестува некоја посериозна патологија. Навистина не би шпекулирала, тоа зависи од експертите, но мое мислење е дека тој нема да може долго да биде член на ниту една заедница. Не знам како би можел да биде член на која било заедница. Незгодно е и деликатно бидејќи ова не е какво било кривично дело, овде имаме дете што изврши масовно убиство“, вели Вулиќ-Бојовиќ.

05.05.2023 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега