Костадинов: Обидите на Мицкоски за саботажа на полициската акција треба да бидат предмет на интерес на ЈО

Во тек на сложена полициска акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Христијан Мицкоски недозволиво пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната истрага за овој случај, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Тој рече дека обидите на Мицкоски за саботажа на полициската акција и загрозување на истрагата треба да бидат предмет на интерес и на Јавното обвинителство.

Тој додаде дека поради соодветната реакција на МВР, намерите на Мицкоски да одбрани криминлаци пропаднаа.

„Не е ова некакво ново однесување на Мицкоски. Дека тој цврсто стои на браникот на криминалот и криминалците е негов белег и граѓаните тоа многу добро го знаат. Но, овде станува збор за одговорност. Не може никој, најмалку политички субјект да се обидува да руши истраги, да заштитува криминалци, да саботира акции на државни органи. Обидите на Мицкоски за саботажа на полициската акција и загрозување на истрагата треба да бидат предмет на интерес и на Јавното обвинителство“, рече Костадинов.

Портпаролот на СДСМ кажа дека одговорност мора да има за оние кои го прекршиле законот, за оние кои на каков било начин помагале во тоа или ја саботирале акцијата.

„Тоа што се заплеткаа Мицкоски и Чулев со лажните вести откако беа демаскирани е уште еден показател за нивната заедничка цел. Прво лажно тврдеа дека Наќе Чулев бил тој кој ја покренал оваа акција, па потоа самиот Чулев да каже дека ја реактивирал па потоа дека ја завшил… Еден хаос во ВМРО-ДПМНЕ, фатени живи како саботираат полициска акција“, изјави Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2021 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега