Костовски до Арсовска: Горд сум на секој проект реализиран од Градот, ти не знаеше каде се наоѓа општина Бутел

 

Данела Арсовска се налутила зошто сум ја објавил реконструкција на улица Радишанска која јас лично сум и ја дал како приоритет, па напишала соопштение со отсуство на срам, реагира на социјалната мрежа Фејсбук градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Кога Арсовска говори за срам, треба да знае дека отсуство на срам е кога пред изборите ја носевме на маалски средби, заедно ќе ветувавме проекти, ќе работиме за да седне во фотелјата каде удобно седи, а потоа ќе заборави на сите ветувања кои им ги даде на луѓето кои ја направија градоначалник. А потоа кога ќе ја потсетиме за тоа, ќе бидеме прогласени за виновни.

Отсуство на срам е и кога ќе заборави дека како мало дете во градинка ја носевме низ Радишани за да добие гласови за кои сега од градот добиваат затворена врата, а најголемо отсуство на срам е кога ќе заборави дека ние бевме таа структурата која таа ја молеше за вториот круг од изборите да одработат за повеќе гласови и за убедлива победа.

Отсусво на срам е однесувањето кога сето ова ќе биде заборавено, но затоа јас сум тука да ја потсетам за секој проект важен за Бутел, и се допаѓало тоа на Арсовска или не.

Впрочем мило што Арсовска ја цитира програмата за модерно Скопје, за која сум убеден дека ја прочита конечно откако стана градоначалничка. Сега остана барем нешто да реализира“, стои во неговата реакција.

„Да и повторам на Арсовска, горд сум на секој проект реализиран од Градот кој јас лично ти го истакнав како приоритет, бидејки ти не знаеше каде се наоѓа општина Бутел, а камо ли да ги знаеш маките на граѓаните.

А да, за тоа кој колку е успешен единствено ќе видиме на локалните избори за три години“, се додава во неговата реакција на ФБ.

06.03.2023 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега