Костовски: Граѓаните живеат катастрофално, СДСМ со мерки ќе им помогне

 


Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека граѓаните во Македонија се потешко живеат и дека.

-Гледаме страотно живеење на македонскиот народ, гледаме отпуштања, 2.200 од ТИРЗ, гледаме пораст на минималната кошничка од 521 денар за само еден месец. Според последните податоци од заводот за статистика, луѓето живеат катастрофално, а платите се бетонирани. СДСМ со сет на економски мерки и решенија сака им помогне на луѓето, да го спасие животниот стандард на граѓаните, истакна Костовски.

Костовски нагласи дека Македонија веќе не е посакувано место за живеење, стапката на иселување од ден во ден расте.

Тој направи разлика помеѓу времето кога ДПМНЕ беше опозиција и го блокираше македонското Собрание и мерките на претходната влада на СДСМ.

-Ние сме конструктивна опозиција за разлика од ДПМНЕ, кои правеа активна блокада на Собранието, па ви дадовме сет на мерки каде што искрено и чесно сакаме да помогнеме за животниот стандард на граѓаните. Искоритете ги, усвојте ги и ќе видите, ќе бидете благодарни, порача Организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

21.02.2025 - 09:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега