Костовски: Владата има план за справување со кризата

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во денешното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија кажа дека Владата предводена од СДСМ има план за справување со кризата со цел да се надминат сите последици од економската и енергетскта криза.


„Тој План беше претставен пред Советот за безбедност и сите активности што ги преземаат Владата, министерствата и самиот премиер ги преземаат е во насока на тој План, со цел да се обезбедат доволно енергенси за претстојната зима.“ порача Костовски, додавајќи дека оваа година производството на електрична енергија е зголемено за да се намали зависноста од увоз, дека цената на електричната енергија е субвенционирана 80 отсто од државата, како и дека ДДВ за струја останува на пет отсто, наместо 18 отсто.

Костовски зборуваше и за предлозите на Христијан Мицкоски за надминување на последиците од кризата, при што оцени дека секој предлог е добредојден, но дека има одредени резерви околу искреноста, имајќи предвид дека токму тој дава наолг да се блокира се во државата.

„Нека дојдат предлозите во Собрание, ќе ги разгледаме и дискутираме по нив, но сепак имам резерви дали е тоа искрено, имајќи ги предвид сите блокади од ВМРО-ДПМНЕ до сега. Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на ЕСМ, кој ја зголеми цената на електричната енергија во време кога немаше никаква криза и кога цената на струјата на светските берзи беа далеку поевтини.“ порача Костовски.

 

28.09.2022 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега