Костовски: За 3 години над 400 милиони денари во капитални инвестиции во општина Бутел
Изразувам благодарност до граѓаните на Општина Бутел кои во изминативе 3 години, несебично и безрезервно ме поддржуват секојдневно, благодарност за секоја идеја, за секој искрен и чесен пристап, но и за секоја критика.
Изразувам посебна благодарност до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ професор д-р Христијан Мицкоски кој несебечно овие три години ми дава поддршка.
Предизвиците се големи, но ќе истраеме се додека не успееме!
Нашите проекти се големи, а нашите цели достижни.
Ќе градиме и создаваме уште повеќе!
Овие 3️ години се години на ренесанса, години во кои се реализираа рекорден број на капитални проекти и години на најголем развој на општина Бутел.
Изминаа 3 години на кои сум особено горд, 3 годни во кои јас и мојот тим неуморно работевме за модерна, просперитетна и напредна Општина Бутел.
Овие три години ги одбележуваме со рекордни 80.000.000 денари вложени во образованието.
Инвестиравме и 12.000.000 денари во детските градинки.
Општина Бутел три години, го држи приматот на најспортска општина во Република Македонија. Инвестиравме рекордни 75.000.000 денари во спортот и спортската инфраструктура.
Изградени се 3 нови спортско – рекреативни центри
.
За 3 години успеавме да асфалтираме 100 нови улици!
Нова детска градинка во Бутел 1, инвестиција во вредност од 35.000.000 денари. А започна со изградба и новата детска градинка во Бутел 2 во вредност од 100.000.000 денари.
Училиште во Визбегово кое е во вредност од 106.000.000 денари е веќе завршено.
Општина Бутел за првпат доби и плоштад на површина од 500 метри квадратни и парк на 2000 метри квадратни.
Изградени се детски игралишта во сите населени места.
Но, тука не застануваме!
Новата 2025 година ја започнуваме со големи капитални инвестиции. Нова модерна поликлиника, нов мега парк, нова водоводна мрежа за Љубанци и Љуботен, нови спортско-рекреативни центри, реконструкција на нови клучни улици и многу други проекти кои ги ветивме пред нашите граѓани.
Општина Бутел се развива. Општина Бутел се менува во модерна и просперитетна општина за сите граѓани.
Продолжуваме со уште посилно темпо!
За модерна, урбана и европска Општина Бутел!, пишува во својата објава Костовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа