Ковачевски: Со СДСМ денес имаме 600 мегавати енергија од обновливи извори, наспроти 16 мегавати вкупно до 2016 година


Во изјава за медиујмите Ковачевски се осврна на достигнувањата на Владата во неговиот мандат кои се однесуваат на користењето на обновливите извори.

-Јас сум исто така многу среќен што во текот на мандатот на мојата Влада, за 2 години и еден друг аспект на екологијата беше исклучително високо на агендата и постигнавме резултати, а тоа се обновливите извори на енергија. Во само 2 години успеавме да имплементираме проекти со капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија, сонце, вода и помал дел од биомаса, производство на електрична енергија. - истакна Ковачевски.

-Во споредба со она што беше до 2016 година, тоа е многукратно повеќе, тогаш имаше само 16 мегавати, сега само за 2 години - 600 мегавати. И тоа е начинот на којшто треба да се развива нашата држава во еколошки чиста со висока свесност и на самите граѓани за чистотата околу нас и со висока ангажираност на локалните самоуправи во однос и на чистењето и на зазеленувањето и на подоброто урбанистичко планирање во градовите - рече Ковачевски.

21.03.2024 - 15:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега