Ковачевски во „Само вистина“: За првпат воведовме домашна берза на електрична енергија

Минатата година беше година на најголеми инвестиции во капитални проекти од 465 милиони евра, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Телевизија Канал 5.
 
„Тоа значи дека сме инвестирале најмногу во историјата на државата, имаме најголемо ниво на странски директни инвестиции откако постоиме, 650 милиони евра, најголем број на вработени во странските зони, најголема поддршка на компаниите за поддршка на инвестициите во државата 410 компании беа поддржани во време на најголема економска криза. Да не заборавиме дека во текот на целата година Владата субвенционираше 80% од цената на електрична енергија“ истакна Ковачевски.
 
Во делот на енергетиката, претседателот Ковачевски посочи дека државата успешно се справи со енергетската криза, а енергетскиот сектор и енергетската независност дополнително се унапредуваат и со создавањето на првата македонска берза на електрична енергија. 

 

„На ЕСМ му дадовме задача наместо 60% од електричната енергија која што според закон треба да се испорачува на ЕВН хоум, ЕСМ го испорачува 100%, и заради тоа и заради ангажманот на вработените во ЕСМ на сите нивни производствени капацитети, испорачаа 100% домашна електрична енергија за потребите на граѓаните и за потребите на малите потрошувачи, тоа се 72 илјади компании кои што вработуваат 98% од работниците. Она што можеше да се направи пред 10 години а не беше направено се направи вчера, се отвори македонска берза за електрична енергија и денес почнува тргувањето, ден однапред, бидејќи недостатоците на електрична енергија која што ја купуваа нашите компании преку трговци нормално, се купуваа со цени на Хупекс берзата кои што се просечна цена под потрошувачката во западно европските држави.  Сега ден од напред ќе може да нарачува електрична енергија и се надевам дека таа берза ќе биде ликвидна“ порача Ковачевски
11.05.2023 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега