Ковачевски во УНДП: Со поддршката која ја добиваме, исполнуваме стратешки цели на државата и квалитетен живот на граѓаните
Премиерот Димитар Ковачевски во рамките на работната посета на САД, оствари средба со Ивана Живковиќ, помошник генерален секретар и директор за Регионално биро за Европа- УНДП.
На средбата на која присуствуваше и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, се разговараше за активности и поддршката на УНДП за Република Северна Македонија, кои опфаќаат повеќе области како енергетика, животна средина, социјален развој, здравство, демократско управување, зелено финансирање.
Премиерот Ковачевски изрази задоволство за насоките дадени од оваа значајна меѓународна организација, во справувањето со енергетската и економската криза.
На средбата беше потенцирано дека и во иднина ќе продолжи да се унапредува соработката на УНДП со нашата држава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и поддршка во исполнувањето на стратешките цели на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа