Ковачевски: За една година и три месеци инсталирани над 190 мегавати од ОИЕ

Акумулираното знаење од времето кога бев во приватниот сектор направи кога дојдов за премиер да имаме комплетно променета регулатива во делот на инвестиции во обновливи извори на енергија (ОИЕ) и затоа од моето назначување на функцијата до сега, за период од една година и три месеци, во државата се изградени, инсталирани и веќе пуштени во употреба капацитети за производство на електрична енергија од ОИЕ со моќност од над 190 мегавати, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тоа, како што посочи, е повеќе од еден блок на РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во земјава. 

-Пред да станам заменик-министер за финансии бев 22 години во приватниот сектор. Сум ги водел двете најголеми компании во оваа држава, благодарение на кои сега имаме најголемо ниво на дигитализација и на достапност на ИП услуги во државата. Кога никој не знаеше или многу малку во државата знаеја за обновливи извори на енергија јас ја направив првата инвестиција во ОИЕ за производство на елементи за производство на електрична енергија од ОИЕ, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање по денешната промоција на првиот дигитален асистент во јавниот сектор АДА.

Тогаш, како што рече, ги советувал сите дека иднината е во ОИЕ.

- Се што сум правел во животот е транспарентно, рече Ковачевски. 

10.04.2023 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега