Ковачевски за Канал 5: Имаме силна поддршка од ЕУ и САД, сега е момент на одлука за нашата европска иднина

Во интервју за Канал 5 Телевизија, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски рече дека земјава има силна поддршка од ЕУ и САД и дека сега е моментот за одлука, да се обезбезбеди европската интеграција и европската иднина, информирајќи за средбите коишто денеска ги оствари со Претседателот на Франција, Макрон и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајн во Братислава но и за средбите со високите американски претставници.

-Пораките се многу јасни, имаме силна и недвосмислена поддршка, сега е моментот Северна Македонија да ги донесе потребните одлуки со кои ќе се обезбеди европска интеграција и европска иднина на нашата држава. Сега треба да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување, рече Ковачевски.

Не се разликуваат ниту пораките од другите наши стратешки партнери, меѓу кои и САД, додаде Ковачевски.

-Сенаторот Крис Марфи којшто е еден од сенаторите во американскиот сенат кој е вклучен во надворешната политика на САД, имаше многу јасна порака која порака ако ја погледнете таа не се разликува ниту од пораките на германскиот Канцелар, ниту од пораката на државниот секретар Блинкен ниту од пораките на амбасадорите кои што во нашата држава, вклучително и амерканската амбасадорка. Сега е време Северна Македонија да ги носи одлуките за продолжување на преговорите со ЕУ и зачленување во ЕУ. Апсолутно дека и во САД, меѓутоа и во НАТО и во нашите партнерски држави во ЕУ постои мислење дека во нашата држава сега е моментот кога треба да го направиме исчекорот. Да покажеме сите заедно дека сме партнер и на САД и на ЕУ и на НАТО. И дека оваа Влада тоа го застапува исто како и нашите граѓани. Нашите граѓани секогаш биле на вистинската страна на историјата, дека ние се застапуваме за демократските вредности и интеграција на државата во ЕУ. Пораката беше многу јасна дека оние кои се против таква политика, дека практично нема да наидат на поддршка кај политичарите, дипломатите во државите од нашите стратешки партнери, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски за Канал 5 Телевизија.

31.05.2023 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа