Ковачевски за „Политика“: Итен прекин на агресијата врз Украина
„ Добро е што ја унапредуваме регионалната соработката и со тоа ја зајакнавме меѓусебната доверба. Овие регионални иницијативи, Отворен Балкан, Берлинскиот процес нè зближуваат и се поттик заеднички да го држиме изострен фокусот кон одржувањето на стабилноста и безбедноста во регионот и секако тоа што е наша заедничка стратешка цел, кон европските интеграции“, рече премиерот Ковачевски.
Како премиер на држава којашто претседава со ОБСЕ тој апелираше на итен прекин на руската агресија врз Украина и соопшти како Северна Македонија може да придонесе преку сопствените искуства, во воспоставувањето на мирот во пошироки рамки.
„ Мора да се врати мирот во светот и ние сме уверени дека е тоа можно преку креативни решенија, на коишто ќе работиме. Да, изненади тоа што агресијата дојде од постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, како што è Руската Федерација. Тоа што низ насилство одлучува да решава предизвик - држава членка на ОН, организација којашто во својата основа го има одржувањето на мирот во светот и членка на ОБСЕ, е спротивно на заедничките определби на државите членки против какви било форми на дејствување, чиишто последици се човечки животи и загрозување на светскиот мир.
Затоа, апелирам, како премиер на држава којашто претседава со ОБСЕ, веднаш да прекине агресијата на Руската Федерација врз Украина и да се отвори пат за дипломатија и дијалог, со цел да се дојде до разумно решение по мирен пат.
Република Северна Македонија од 1 јануари 2023 година ја има честа да претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ. Тоа е истовремено и голема обврска, бидејќи се случува во време кога во Европа има воена агресија.
Денес сме и светол пример на Балканот и во Европа, за функционална мултиетничка демократија и држава којашто стабилно чекори по евроатлантскиот пат. Тоа го постигнавме и со мудрите дијалошки политики во добрососедските односи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа