Ковачки: Во првата година од мандатот економијата заздравува, а ветувањата се реализираат
Наследивме една тешка социоекономска состојба во државата којашто беше резултат на катастрофалното владеење на СДС и на ДУИ. За среќа, резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека уште во првата година од мандатот, економијата заздравува а ветувањата се оставруваат, вели Драган Ковачки.
-Во првата година од мандатот го реализиравме предизборното ветување за 5.000 денари зголемување на пензиите на сите пензионери. Понатму, ветивме дека ќе го завршиме проектот со клиничката болница во Штип, нешто што е многу значајно за овој крај, за овие граѓани во селото Ратево, во селото Миташинци, воопшто за општината Берово каде што сме денеска во посета. Она што е многу значајно е тоа дека во наредниот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски ќе се насочи на инфраструктурно градење на овој дел од државата којшто беше заборавен од претходната власт, рече тој.
Ковачки пред граѓаните го претстави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Берово, Петар Ружински.
-Заедно да ги слушнеме проблемите на граѓаните, работите со коишто тие се соочуваат и имаат да ни ги предложат за да ги ставиме во нашата програма. Верувам дека Берово во наредниот период ќе има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде господинот Петар Ружински за доброто на сите граѓани во Берово, рече Ковачки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа