Ковид кризата не попушта: За еден месец без работа останаа 2.239 лица во земјава

За еден месец бројот на   се зголемил за 2.239 лица, евидентира Агенцијата за вработување за периодот од 31 август до 30 септември. Тоа значи дека од март од кога започна пандемијата во земјава, па се до крајот на септември, откази добиле вкупно 14.818 лица.

„Во Агенцијата за вработување со состојба на  30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос евидентирани се 14.819 невработени лица, за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид 19“, се вели во објавата од Агенцијата за вработување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега