Ковид пасоши, вакцини и негативни ПЦР тестови се продаваат на „Dark web“

 

На „Dark web“ се продаваат вакцини за коронавирус, ковид пасоши и лажни негативни ПЦР тестови, пренесува „BBC“.

Цената за една доза од вакцините АстраЗенека, Спутник V, Синофарм и Џонсон и Џонсон се движи меѓу 500 и 750 долари, додека пак лажната потврда за вакцинација се продава по цена од 150 долари, пишува „BBC“.

Истражувачи од компанијата „Check Point“, кои што следеле хакерски формули и други продажни места од месец јануари кога се појавија вакцините, велат дека е забележан зголемен број на огласи во врска со вакцините за коронавирусот.

Тие тврдат дека бројот на огласи тројно се зголемил и дека сега ги има над 1.200.

Продавачите на вакцините се наоѓаат во САД, Шпанија, Германија, Франција и Русија, а истражувачите откриле дека огласите воглавно се напишани на англиски и руски јазик.

 

Инаку, „Dark web“ е дел од интернетот кој што е достапен само по пат на одредени алатки за пребарување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2021 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега