Крадец од Радовиш начекал прилика и украл пари ама немал „среќа" за долго

 

Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш синоќа во 19.15 часот го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш, соопштија денеска од МВР.

Тој се сомничи дека на 07.04.2025 извршил кражба на подрачје на Струмица, а на 22.04.2025 извршил кражба на подрачје на Радовиш.

- Во службен разговор, тој ги признал делата и кај него биле пронајдени пари, кои ги одзел при кражбата во Радовиш и ќе бидат вратени на сопственичката. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случаите против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

23.04.2025 - 10:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега