Крај на една ера - Надал испадна од Топ 10

 

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал испадна од Топ 10 на АТП листата, моментално е 13. ти играч во светот. Надал по точно 6.538 дена испадна од Топ 10.

Рафаел Надал, прв пат во Топ 10 влезе на 25 април 2005 година. За илустрација, Роџер Федерер имаше четири Грен слем титули, Новак Ѓоковиќ беше 153. на листата, а актуелниот број 1 Карлос Алкараз имаше две години.

Надал годината ја започна на второто место, не успеа да ја одбрани титулата на Австралија опен, а потоа се повреди. Не настапи на турнирите во Акапулко и Индијан Велс, каде што требаше да брани 500 и 600 поени.

Надал го собори рекордот по бројот на недели во Топ 10 во 2020 година, кога го престигна Џими Конорс (789). Неверојатната низа на Шпанецот застана на 910 недели.

Апсолутниот рекорд го држи Мартина Навратилова, која 1.000 недели беше во Топ 10 на ВТА листата.

20.03.2023 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега