Кратко ќе му се радуваме на сонцето - УХМР најавува што не чека неделава
Во поголем дел од земјава, утрото ќе биде ведро и посвежо, а во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Преку ден, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови, засилен ветер од северен правец - над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура се очекува да биде во интервал од 3 до 11, а максималната да достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје, најавено е сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во деновите што следат се очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури да бидат во постепен пораст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа