Кратко траеше сонот: Легендарниот Федор претепан на последната борба во кариерата
Федор Емелијаненко си зададе тежок испит во својата последна борба во кариерата, но легендарниот Русин не мина добро и не заврши онака како што замислуваше и сонуваше.
Ветеранот кој реши да се бори и на 46-годишна возраст го предизвика актуелниот првак Рајан Бајдер, кој сепак се покажа како преголем залак во оваа фаза од животот.
Борбата заврши уште во првата рунда и Федор и беше претепан од страна на противникот, односно беше јасно дека му нема спас откако се најде на подот.
Бејдер ја најави победата со удар зад увото додека двајцата беа на нозе, а откако Федор падна во октагонот, помладиот Борец зададе низа брутални удари и судијата мораше да ја прекине борбата.
Ова беше главна борба од Белатор 290 случувањето, со кое се става крај на една голема и незаборавна ММА кариера која траеше речиси 20 години.
– Од една страна сум тажен бидејќи не ја испорачав борбата која сите ја очекуваа, но од друга страна, среќен сум што гледам толку луѓе што се тука со мене. Среќен сум што легенди од спортот со кои се борев во изминатите 20 години сега се тука за да ме поздрават, – изјави Федор кој ММА кариера ја завршува со 40 победи и 7 порази.
Heavyweight Champion @RyanBader becomes the first man ever to defeat Fedor twice.
#Bellator290 | + | LIVE NOW pic.twitter.com/Ui7BUBE0L6
— BellatorMMA (@BellatorMMA) February 5, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа