Кражба во училиште во Куманово
Во СВР Куманово на 02.07.2024 било пријавено дека од дворно место на основно училиште во Куманово биле одземени повеќе предмети.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Куманово го пронашле сторителот М.Г.(53) од село Романовце, кумановско, кој во службен разговор во полициска станица го признал делото. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против M.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.
06.08.2024 - 16:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа