Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија
Кремљ денеска соопшти дека изгледите за односите меѓу Русија и Европската унија се лоши откако лидерите на земјите-членки на ЕУ ја номинираа Урсула фон дер Лајен за уште еден мандат на чело на Европската комисија и ја избраа естонската премиерка Каја Калас за висока претставничка за надворешната политика.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави пред новинарите дека одлуката на Унијата да ја номинира Урсула фон дер Лајен за втор петгодишен мандат нема да промени ништо.
„Госпоѓата Фон дер Лајен не се залага за нормализација на односите меѓу ЕУ и Русија. Така ја знаеме, така ја паметиме. Ништо не се менува во таа смисла“, рече Песков.
Унијата се мобилизираше за финансиска и воена помош на Киев во неговата борба против Русија откако рускиот претседател Владимир Путин испрати десетици илјади војници во Украина во 2022 година.
Брисел, исто така, воведе повеќе пакети санкции за Москва за да се обиде да ја принуди да ги повлече своите сили.
Коментирајќи го изборот на естонската премиерла Калас за шеф на европската дипломатија, Песков рече дека таа е позната по својата антитурска реторика.
„Госпоѓа Калас исто така не покажа дипломатски склоности, а кај нас е позната по своите апсолутно бескомпромисни и понекогаш отворено антитурски ставови“, рече тој.
„Затоа, не мислиме дека европската дипломатија на кој било начин ќе придонесе за нормализирање на односите. Лоша е перспективата што се однесува до односите меѓу Москва и Брисел“, додаде.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа