Крис Браун откако ја претепа Ријана обвинет е за тепање друга жена
Музичарот Крис Браун повторно се соочи со обвинувања за физичко малтретирање.
Портпаролката на полицијата во Лос Анџелес, Лизет Ломели, за Us Weekly потврди дека Браун е под истрага за удирање на жена на 18 јуни за време на наводна расправија. Идентитетот на наводната жртва не е јавно познат.
"Женската жртва рече дека таа и осомничениот се расправале и тој ја удрил. Извештајот за телесните повреди е завршен", рече портпаролката.
Во моментов не е познато колку е сериозна повредата и дали Браун е виновен.
Браун и е познат на јавноста по својата историја на насилство врз жени. Да потсетиме, тој го привлече гневот на светската јавност кога во 2009 година ја претепа тогашната девојка Ријана ноќта пред доделувањето на Греми наградите. Браун рече дека работите се искомплицирале кога на Ријана и признал дека има афера со друга девојка, за која претходно тврдел дека никогаш не бил. Следела расправија и физичка пресметка.
Раперот тврди дека пејачката манијакално го тепала и навредувала, се додека не изгубил контрола и ја удрил со тупаница. Тој и ја пресекол усната, а таа наводно му плукнала крв во лицето, што дополнително го налутило.
I forgot how bad Rihanna's injuries were before i seen this earlier pic.twitter.com/BDTfBeFn
— Sean Scoular (@ScoularSean) August 21, 2012
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа