Кривична пријава за беровчанец: Со тврд предмет нападнал вработен во Јавното претпријатие за комунални работи
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.М.(69) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.
- На 1.8.2025 во Берово, пријавениот со тврд предмет нападнал вработен во Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга”-Берово, додека извршувал работни задачи, информираа од полицијата.
25.08.2025 - 15:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа