Кривична за Здружение за коњички спортови од Битола за измама и фалсификување исправа

 


СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“.

Како што соопшти денеска МВР, второпријавената И.О., како еден од сопствениците на првопријавеното правно лице, во име на правното лице во периодот од 17.08.2023 до 20.10.2023, со прикривање на факти довела во заблуда правно лице од Скопје и со умисла извршила повеќе поврзани дејствија, така што побарала од правното лице да изврши набавка на ракавици и сетови за прва помош иако според статусот не смеело да врши трговски услуги. За таа намена правното лице од Скопје издало 11 фактури со различен износ и до денес го држела во заблуда дека ќе бидат платени во законскиот рок и на тој начин го навела да стори штета во износ од 7.938.400 денари.

-Исто така, второтопријавената, на издадените фактури, кон својот потпис додала дека има звање претседател на првопријавеното правно лице и на тој начин со умисла извршила кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи”, казниво по член 397 од Кривичен законик. Пријавената И.О. во заблуда довела и правно лице од с.Живолно, општина Новаци на начин што подигнала вештачко ѓубре и не го платила и на тој начин го оштетила правното лице во износ од 276.900 денари, велат од МВР.

04.06.2025 - 16:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега