Кривично ќе одговара : Најмалку 10 години затвор за мајката на хоспитализираното, неухрането 4 годишно дете од Струмица

Најмалку 10 години затвор ја очекуваат мајката на хоспитализираното и неухрането 4 годишно дете кое од Струмица беше донесено во тешка состојба.

Според Кривичниот законик ќе се гони за запуштање и малтретирање на дете.

„Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината 4-годишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17.01.2024 година било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје“, велат од обвинителството.

Четиригодишното девојче било донесено премрзнато, со едвај 8 килограми, во тешка состојба за заради која веднаш се спровела реанимација.

По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството.

Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина кој треба да ги покаже причините за настанатите повреди кај девојчето.

05.02.2024 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега