Кривопаланчанец со автомобил излета од автопатот Велес – Скопје: Повредени две лица
Вчера околу 14.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 Велес – Скопје, после наплатна станица Отовица, патничко возило „опел“ со кривопаланачки регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Крива Паланка, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(50), додека со телесни повреди другата сопатничка А.М.(23), двете од Крива Паланка, констатирани во Општата болница во Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Велес.
11.09.2024 - 12:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа