Криза во украинската влада: Тројца министри дадоа оставка
Министерот за стратешка индустрија на Украина, Олександр Камишин, министерот за правда Денис Маљусик, министерот за заштита на животната средина и природни ресурси Руслан Стрилц и шефот на Фондот за државен имот Виталиј Коваљ денеска поднесоа оставки.
– Врховната рада на Украина ги доби изјавите за оставките на Камишин, Маљусик, Стрилц и Коваљ, соопшти претседателот на Врховната рада, Руслан Стефанчук, пренесува Укринформ.
Тој информира дека за нивните оставки ќе се расправа на некоја од следните пленарни седници.
03.09.2024 - 20:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа