Крмов: Заев ми нудеше 500.000 евра за да преминам во нивната коалиција

СДСМ на чело со Зоран Заев му нудела на пратеникот на Левица, Борислав Крмов 500.000 евра за да премине во владејачката коалиција, открива пратеникот во вчерашното гостување во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс.

„Почнаа од 100.000 евра, завршија со 500.000 евра. Зоран Заев нели ќе окрупнуваше  они и претходно така купувале и проба и нас да не купи, ама погрешно проценил,“ вели Крмов.

Понудата како што тврди пратеникот на Левица, била дадена од поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев во периодот кога тој имаше најава за окрупнување на мнозинството. Пратеникот Крмов додаде дека ова било пракса и претходно, а сподели со јавноста дека не единствениот кој добивал вакви понуди.

21.11.2023 - 13:33
Фото: 
Инфокмакс принтскрин

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега