Кршел возила и прозорци: Приведен скопјанец заврши во здравствена установа

 


Вчера во 16.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Ј.(36) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 14.40 часот со остар предмет се заканувал на неговата сосетка А.С.(26) од Скопје, ги скршил предните ветробрански стакла на нејзиното и уште едно возило, а со тврд предмет скршил прозорци на соседната куќа.

Лицето било пренесено во здравствена установа и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

26.03.2025 - 16:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега