Крунисувањето на кралот Чарлс чинеше 86 милиони евра
Крунисувањето на крал Чарлс Трети и кралицата Камила минатата година чинило 72 милиони фунти (околу 86 милиони евра), соопштија денеска британските власти. Според годишниот извештај на Одделот за култура (DCMS), кој ја организирал церемонијата, 50,3 милиони фунти (60 милиони евра) биле потрошени за самата церемонија, додека 21,7 милиони фунти (26 милиони евра) биле наменети за безбедност.
DCMS нагласува дека крунисувањето било важна прилика за обединување на нацијата, за зајакнување на националниот идентитет и за промоција на Велика Британија на глобално ниво.
21.11.2024 - 18:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа