Куќа од 10 милиони евра- Јелена и Новак покажаа во каков луксуз живеат (видео)

 

Иако исто како повеќето спортисти често престојувал во Монте Карло, изгледа дека на Новак Ѓоковиќ подраги му се некои потопли краишта.

Според медиумите, еден од најдобрите тенисери на денешницата одлучил да купи куќа во Марбеља и тоа онаа истата во која престојувал за подобро да се подготви за турнири.

Вилата во Марбеља, во која поголемиот дел од времето се подготвувал за некои од најголемите турнири, на Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена толку им се допаднала што одлучиле да ја купат. Според шпанските медиуми, за неа издвоиле неверојатни 10 милиони евра.

Вилата се наоѓа на најлуксузната локација со неверојатен поглед кон морето и планините кои го опкружуваат местото, има дури девет соби во главната куќа, осум купатила, како и две соби за гости.

Се разбира, тоа не е сè, во вилата место има и за големата теретана, собата за билјарт и пинг-понг, киното, како и за големиот тениски терен.

Сепак, велат дека најспектакуларна е терасата, која може да се пофали со широк простор и која нуди неверојатен поглед кон морето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега