Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Две малолетни девојчиња се повредени кога во нив удри автомобил управуван од 23-годишник во Куманово.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера.

„На 27.05.2023 во 21.45 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од бул.“Октомвриска Револуција“, ул.“Иво Лола Рибар“ и ул.“Ѓорче Петров“ патничко моторно возило “опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(23) од Куманово, удрило во две малолетнички од кумановско. Во несреќата со повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Општата болница Куманово“, велат од МВР.

Извршен бил увид.

28.05.2023 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега