Лабовиќ: Акцијата на МВР за трагедијата во Кочани е без преседан, барањето оставка е контраефективно

 

Во денешното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија во централниот дневник гостуваше професорот на факултетот за безбедност Миодраг Лабовиќ каде во врска со поставувањето на институциите во врска со трагедијата во Кочани истакна дека акцијата на МВР е без преседан.

Едноставно може да се види дека за волку кратко време една ваква акција со сите овие оперативно тактички мерки и дејствија во таа предистражна постапка која МВР во една координирана акција со самото ЈО што ја водеа може да се каже дека досега е без преседан“, истакна Лабовиќ.

Во врска со барањето оставка на министерот Тошковски, Лабовиќ посочи дека тој е еден од најуспешните министри во оваа Влада и тоа е мислење не само на мене туку и на најголемото мнозинство граѓани и додаде.

Тој и да сака да поднесе оставка, во вакви ситуации не дека тој е незаменлив, но обезглавувањето на таа институција клучна во која се создаде еден нов дух, нов метод и нови вредности кои ги мотивира високо професионалците да си ја вршат работата“, вели Лабовиќ.

Лабовиќ посочи дека контраефективно е да се бара оставка сега.

Сега е контраефективно да се бара оставка, што ќе се случи, што од тоа ќе биде предност, фактички која ќе е поентата да се сега поднесува оставка. Во таа смисла сметам дека ваквиот чин е анти-морален и морален кукавичлук да се сега бара и поднесува оставка затоа што тоа ќе значи обезглавување на клучните државни институции“, кажа Лабовиќ.

21.03.2025 - 22:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега