ЛАЈКА: КПУ Затвор - Шутка го вдоми напуштениот германски овчар кој нападна деца

Германскиот овчар кој нападна деца во скопската општина Аеродром откако го помина хуманиот третман во „Лајка“, денеска беше вдомен од страна на директорот Филип Андов на КПУ Затвор Шутка – Скопје, за службените потреби на оваа институција. 

– Кучето Кара го помина комплетно целиот хуман третман во нашето прифатилиште откако претходно согласно записникот од извршен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и изввршена контрола во ЈП „Лајка“ за заловеното куче по пријава за напад на деца, на ден 03.01.2021 (без микрочип на јавна површина), беше одреден карантин и изолација за набљудување во период од 08, 15 и 22.01.2021 година. За истото беше извршен клинички преглед од страна на вработен во ЈП „Лајка“ и беше издаден сертификат за беснило со кој не се утврдени знаци на беснило ниту други промени -соопштија од „Лајка“.

По објавата за нејзиното вдомување,  претстваници од КПУ Затвор Шутка – Скопје поднесоа апликација за вдомување и закажаа термин за нејзина посета во прифатилиштето на ЈП „Лајка“.

Земајќи ги во предвид природата и карактерот на расата германски овчар, која има одличен инстинкт, заштитнички карактер и во светски рамки се обучува и тренира како службено куче за потреби на полицијата за обезбедување на објектите, истото е незаменливо помошно средство во бројни истраги,  Кара од денеска е официјално ев домена во рамките на оваа институција и ќе работи во служба на државата и граѓаните. 

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега