„Лајка“ организира отворен ден за сите љубители на животни
Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“ денеска организира отворен ден на кој граѓаните ќе имаат можност да се дружат или да вдомат домашен миленик.
Отворениот ден ќе трае од 11 до 15 часот, а посетителите и потенцијалните вдомувачи на куче ќе имаат можност да се запознаат подобро со кучињата за кои се заинтересирани и да ги добијат сите детални информации и одговори на нивните прашања.
Од ЈП „Лајка“ најавуваат дека отворените денови планираат да ги организираат еднаш во текот на секој месец.
14.05.2022 - 10:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа