Латино заводникот прошета по црвениот тепих: Во 7-та деценија од животот изгледа подобро од било кога

 

Антонио Бандерас важи за еден од најубавите латино заводници иако е во 7 децнија од својот живот. Тој има 61 година, но и понатаму изгледа неверојатно добро и важи за најпосакуваниот фраер во Холивуд.

Тој предизвика големо внимание во Венеција, а во Мостар пристигнал во друштво на девојката Никол Кимпел (39).

Глумецот се појавил со необична фризура односно боја на коса. Наводно се обидел да ја сокрие седата коса така што ја обоил во темноцрвена, додека од страна останала видлива седата коса. Сите велат дека дал комичен ефект кој можел да го избегне доколку не се исфарбал.

Тој инаку е во врска со Никол од 2014 година кога се разведе од глумицата Мелани Грифит со која беше во брак од 1996 година.

Антонио Бандерас на филмскиот фестивал во Венеција го претстави филмот "Official Competition", шпанска комедија во која глуми и Пенелопе Круз.

06.09.2021 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега