Лефков: Да се објави список на лица кои досега примиле вакцини против Ковид-19

Денеска, како пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ, доставуваме допис до Арбен Зибер, претседател на Комисија за здравство во Собранието, ова преку изјава за медиумите го истакна пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

-Водени од фактот дека национлен интерес во овој момент е справувањето со КОВИД-19 и обезбедувањето на вакцини, како пратеници сме загрижени за информациите во јавноста дека и малиот број обезбедени вакцини се злоупотребуваат. Во овој период, се погласни се шпеклуациите во јавноста дека се вакцинирани лица кои не биле први на ред согласно Националниот оперативен план за вакцинација. Оттука, како пратеничка група земајќи ги во предвид надлежностите на Комисијата за здравство во Собранието, надлежна за здравствената заштита на населението и заштитата на населението од заразни болести, инсистираме како претседател на Комисијата во најбрз рок да побарате од Министерството за здравство, Информација со список на лица кои до овој момент примиле вакцини против КОВИД-19, вели Лефков.

Тој додава дека само на тој начин со објавување на податоците ќе се отстранат сите сомнежи во јавноста во чувстителен период кој држава го минува крајно неподготвено поради неспособноста на надлежните во Владата, пред се премиерот заев и ресорниот министер Филипче.

-Повторувам, како што и наведуваме во дописот „доколку тој список биде обезбеден на увид на пратениците кои се членови на Комисијата за здравство ќе можеме да ги тргнеме сите јавни сомнежи за злоупотреба на вакцините, или, доколку има злоупотреби да го отвориме прашањето за одговорност на надлежните функционери“, потенцира Лефков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2021 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега