Лефков: Дрин Ахмети добивал милионски тендери

„Ограбена држава – Дрин Ахмети добивал милионски тендери, иако го оштетил Буџетот и владата на СДС и ДУИ требало да му ја одземе лиценцата“, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Дрим Ахмети преку Еверст ЏД, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери. Затоа што Бектеши не му ја одзел концесијата на Дрин Ахмети, иако требал и морал, тој сепак продолжил да работи и како таков добивал тендери. Имено фирмата се јавува како носител на договори за јавни набавки во државните институции АД „ЕСМ” во вкупен износ од 7.670.000 денари со вклучен ДДВ и договор за јавна набавка кај ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп во вкупен износ од 944.000 денари со вклучен ДДВ. Над 8 ипол милиони денари се тендерите кои ги добила фирмата на Ахмети, а на кои немало да учествува ако владата на СДС и ДУИ и Крешеник Бектеши постапеле по закон“, изјави Лефков.

Тој вели дека власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи.

„Вака изгледа кон институциите не работат за граѓаните, туку за елитите на власт. Ова време заврши, затоа се се погласни во лагите и клеветите и СДС и ДУИ. Но колку и да лажат и клеветат, мора да знаат дека одговорноста за секоја нерегуларнорност која ја направиле доаѓа“, завршува Лефков.

27.07.2024 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега