Лефков: Венко Филипче не се откажува од Заев

 

Венко Филипче, неврохирургот и потрчко на Заев се гордее со Зоран Заев и не планира да се откаже од него. Филипче наместо да покаже дека е автентичен, се забетонира себе си на дното, изразувајќи му лојалност на Зоран Заев, човекот кој ги направи сите предавства и под чија капа беа сите криминали, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче не се откажува од Заев, а со тоа не се откажува ниту од неговите ставови за Бугарија, за Македонскиот народ и јазик. Во СДС не се сменило ништо, тоа е истата антидржавна партија на Заев. Партија со државнички позиции и Зоран Заев не одат во иста реченица, затоа повеќе од јасно е дека Венко Филипче го избра Заев, а ја закопа СДС. Жално е како Венко Филипче не гледа дека токму Зоран Заев е причината заради која СДС е распарчена и дека токму тој е причината за предавствата на Македонија и криминалот кој царуваше 7 години“, посочува Лефков и додава:

„Со Венко Филипче ништо ново не му се пишува на СДС, повторно истата приказна која народот добро ја знае“.

04.12.2024 - 16:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега