Лех Валенса банкротирал: Имам празни џебови, не можев да купам божиќни подароци
Добитникот на Нобелова награда за мир и поранешен полски претседател Лех Валенса, се пожалил дека банкротирал велејќи дека не можел да купи божиќни подароци за никого.
Валенса претходно многу патувал и заработувал држејќи говори, но пандемијата тоа го променила, рекол тој за полската телевизиска станица "Polsatnews".
„Имаше времиња кога имав пари и ги трошев. Сега сум тука со празни џебови", рекол тој.
Полскиот електричар бил претседател на синдикатот Солидарност од 1980-та до 1990-та и како работнички лидер играл клучна улога во падот на комунистичкиот режим во Полска.
Од 1990-та до 1995-та бил претседател на државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа