Лејди Гага откри страшни детали: Ме силуваше на 19 години и бремена ме остави на улица
Лејди Гага за првпат откри детали за силувањето кое го проживеала кога имала 19 години. Говорејќи во документарниот серијал на Опра Винфри и принцот Хари под името „The me you can’t see“, а кој се занимава со менталното здравје, Гага раскажа дека ја силувал постар музички продуцент, по што останала бремена.
-Имав само 19 години, а продуцентот ми рече „Соблекувај ја облеката“. Јас реков „не.“. Тогаш тргнав да си одам, а тој ми рече дека ќе запали целата моја музика. И не застануваше. Не престана да прашува. Само се замрзнав, не се ни сеќавам на сѐ, рече Гага и додаде дека ја оставил бремена на улица.
Сепак, таа не го именуваше продуцентот кој тоа го направил, само рече дека никогаш повеќе не сака да го види.
Исто така, рече дека потоа доживеала тотален психички пад и долго време имала трауми.
-Бев болна неколку недели, месеци потоа, и тогаш сфатив дека тоа е истата болка која ја почувствував кога личноста која ме силуваше ме остави бремена на аголот, изјави таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа