Лекарите откриваат 7 симптоми кои покажуваат дека можеби сте имале коронавирус а не сте биле свесни
Теориите за вирусот корона исто така велат дека тој веројатно се проширил на целата планета дури и пред да знаеме што е тоа корона и какви се мерките против него. Можно е да сме имале коронавирус без да сме свесни за тоа, лекарите откриваат како да го утврдат тоа!
„Повеќето луѓе кои имаат корона имаат некомплициран случај на инфекција и тој не се разликува од настинка или грип“, објаснува експертот за заразни болести Амеш А.Адалка, постар научник во Центарот за здравствена безбедност на Џон Хопкинс.
1. Имавте „настинка“
Новото истражување на Универзитетот во Тексас наведува дека короната била присутна многу порано отколку што мислевме. За истражувањето, научниците анализирале брисеви од грло земени минатата зима од луѓе од Вухан и Сиетл, за кои се сомневале дека имаат грип.
Истражувачите откриле дека на секои два случаи на грип имало еден случај на ковид-19, и затоа веруваат дека Ковид-19 веројатно пристигнал во САД околу Божиќ.
Без тест, може да биде тешко да се направи разлика од настинка и лесна форма на ковид-19, во зависност од тоа какви симптоми имате, вели тој, но настинката обично не предизвикува отежнато дишење, сериозни главоболки или гастроинтестинални симптоми, што може да предизвика Ковид-19.
2. Го изгубивте чувството за мирис или вкус
Губење на сетилото за мирис и вкус е еден од сигналите на ковид-19. Иако овој симптом не се јавува кај сите,и посочува дека тој симптом е цврсто поврзан со вирусот.
Прелиминарните податоци од Американската академија за оториноларингологија откриваат дека кај пациенти со Ковид-19 кои го изгубиле чувството за мирис, 27% имале „одредено подобрување“ за околу седум дена, додека повеќето биле подобри за 10 дена.
Исто така е можно привремено да се изгубат овие сетила за време на други респираторни состојби, како што се настинки, грип, синусни инфекции или дури и за време на сезонски алергии. Но, експертите истакнуваат дека овој симптом, дури и по закрепнувањето од Ковид 19, кај некои луѓе може да остане и да трае со месеци.
3. Косата ви паѓа
Многу луѓе кои се опоравиле од коронавирусот, пријавуваат проблеми со опаѓање на косата. Актерката Алиса Милано, која со месеци страдаше од симптоми на ковида-19, на почетокот на август го сподели своето видео на Инстаграм, каде што покажа со какво опаѓање на косата се соочува.
Сепак, малку е веројатно дека едноставно би изгубиле повеќе коса отколку вообичаено, без да имате други симптоми на ковид-19, како што се кашлица или треска, вели др. Адалка. Исто така е важно да се напомене дека опаѓањето на косата може да се случи поради стрес, вели тој, и сите знаеме дека бевме под голем стрес поради пандемијата.
4. Губење Здив
Ова е еден од попознатите симптоми на инфекција со коронавирус и е поврзан со пневмонија што ја предизвикува.
5. Замор
Истражувањата покажаа дека 53 проценти од заболените од КОВИД-19 се чувствуваат многу уморно и истоштено во рок од два месеци по заразувањето. Научниците испитуваат дали ова е последица на индивидуален имунолошки одговор или тоа е начинот на кој работи вирусот.
6. Продолжена кашлица
Според студијата, 43 проценти од луѓето со КОВИД-19 кашлале од 14 до 21 ден по позитивниот резултат од тестот. Претежно е сува кашлица.
7. Невообичаени и многу упорни симптоми
Палпитации на срцето или други здравствени нарушувања кои не поминуваат може да означат корона. Постојат многу непознати информации за коронавирусот, и ако не се чувствувате добро и состојбата не се менува долго време, време е да одите на лекар.
Сепак, иако сите овие знаци може да бидат показател дека сте имале Ковид-19, тие исто така можат да бидат предизвикани од други болести.
„Секако е познато дека продолжената кашлица и замор можат да бидат последица на грипот – само затоа што ги имате, не значи дека сте имале ковид-19“, вели д-р Шефнер.
Во секој случај, важно е да продолжите да ги применувате превентивни методи како што се носење маска, редовно миење на рацете и социјално дистанцирање кога можете, со цел да се заштитите себе си и другите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа