Левандовски доби орден од претседателот на Полска

 

Голгетерот на Баерн, Роберт Левандовски прими орден, Заповеднички крст на редот Полонија Реститутиа од рацете на претседателот на државата Андреј Дуда.

Левандовски кој е изгласан за најдобар играч од страна на ФИФА за минатата година, го прими признанието на прием кај претседателот.

Тој минатата година го подигна пехарот на Лигата на шампионите, Бундеслигата, Купот на Германија, Светскиот куп.

Овој орден се доделува на воени лица и цивили за немерлив придонес во нивните области.

-Не е важно колку трофеи освоив досега. Во овој момент мојата амбиција се уште е силна и не сакам да спијам на ловорики, рече Левандовски откако го прими орденот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prezydent RP Andrzej Duda (@prezydent_pl)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега