Левица: 130 милиони евра народни пари за семејството Дестани кои се блиски до ДУИ

Камен темелникот за наводната фабрика за електрични возила и најавата на Артан Груби за државна помош од 130 милиони евра, не е ништо друго, освен прелевање на народни пари од државната каса во буџетот на лица блиски до ДУИ, се вели во соопштението на Левица.

Од партијата велат дека зад компанијата ,,Next e.go" стои ,,Еколог Интернационал" и семејството Дестани, кое е поврзано и со фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово.

„За сопственикот Љазим Дестани во 2020 година се шпекулираше како еден од можните кандидати премиери албанци во тогашната кампања на ДУИ за премиер Албанец, а членови на ова семејство се редовни гости на настани организирани од албанската политичка елита. Најавената помош од 130 милиони евра доаѓа во период кога Македонија се соочува со голема социо-економска криза, токму поради погубните социо-економски политики на владата предводена од ДУИ и СДСМ“, потенцираат од Левица.

 
 
 
14.08.2022 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега