Левица: До каде е исплатата на ветената финансиска поддршка за учениците?


Пред четири месеца власта помпезно најави месечна финансиска поддршка за учениците чии семејства имаат примања до 50.000 денари; 1200 денари месечно за основците, односно 1800 денара за средношколците, велат од Левица.

„Веќе четири месеца МОН објавува јавен повик за финансиска поддршка, а родителите и учениците прибираат и поднесуваат документи.

Меѓутоа, финансиската помош - ја нема. Во најголем број општини и училишта на учениците кои ги исполнуваат условите за да ја добијат оваа финансиска помош и уредно, еднаш во месецот ги поднесуваат бараните документи, исплатени им се средства за еден месец, а во некои училишта- ниту за еден месец.

Дека станува збор за предизборен поткуп беше јасно уште од фактот што мерката е привремена: предвидено е да трае само шест месеца, од декември до мај, а сега станува очигледно дека власта на заминување не е способна да ги реализира ниту предизборните ветувања и лаги!

Срамно е да се манипулира со најранливите, семејства со мали деца кои живеат на раб од беда, бидејќи пресметаната вредност на потрошувачка кошничка за јануари 2024 година е 57.163 денари, да им се создаваат дополнителни обврски, а да не им се исплаќа ниту денар од ветените средства, па макар биле и предизборен маркетинг!“, стои во соопштението на Левица.

22.03.2024 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега