Левица: Македонските бранители ќе добијат олеснувања од обврските кон матичната општина

Советничката група на Левица при Советот на Општина Ѓорче Петров пред повеќе од 1 месец поднесе иницијатива со која се опфатени семејствата на македонските бранители кои учествуваа во воениот конфликт од 2001 година, соопштија од оваа партија.

Со усвојување на овој предлог, како што појаснуваат, македонските бранители и нивните потесни семејства ќе бидат ослободени од давачки спрема основните училишта и градинките на територија на Општина Ѓорче Петров.

„Семејните трауми и заслугите на нашите бранители се преголеми за да се манипулира со нивните заслужени права за кои чекаа повеќе од 20 години.

Очекуваме основните училиште и градинките веднаш да постапат по Ваквиот предлог на Левица, усвоен од Советот на Општина Ѓорче Петров“, е нагласено во соопштението на Левица.

31.05.2023 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега