Левица со 2.400 амандмани го блокираше покачувањето на платите на судиите

Пратениците на Левица - Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пред отпочнувањето на денешната 54 седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците (20 март 2023), поднесоа вкупно 2.400 амандмани на Предлог-законите за изменување на Законот за плати на судии и на Законот за плати на членовите на Судскиот совет на РМ, кои беа предложени од Владата, т.е. Министерсвото за правда - по скратена постапка.

„Сметаме дека со огромната и ноторна недоверба на граѓаните кон корумпираниот судски систем, со престорување на правосудството во фамилијарна професија заробена во стегите на непотизмот, класните привилегии и кронизмот - платите на судиите се најмалиот проблем во реформата на судскиот систем, која треба да биде радикална.

Стоиме на ставот дека сè додека не се воведат суштински реформи во правосудството, кое ќе ги опфати проблемите кои се наталожени (на пример: трајниот мандат на судиите, нивната неоговорност за штета нанесена на странките, контоверзниот начин на избор во Академијата за судии и јавби обвинители, системот на кариерен развој во повисоки судови и сл.) - нема да дозволиме зголемување на бенефициите на оваа лесно расиплива сорта на луѓе, кои се приврзоци на секој неправеден систем“, велат од Левица во соопштение испратено до медиумите.

20.03.2023 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега